Линкови за пристапност

Средба Aл-Малики - Обама во Белата куќа


Ирачкиот премиер Нури Aл-Малики во Белата куќа има средба со американскиот претседател Барак Обама.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон се сретна со Ал-Малики во понеделникот, воочи американско-ирачката деловна конференција што започна во вторник во Вашингтон. Клинтон на конференцијата ги повика американските бизниси да го согледаат целиот напредок направен во Ирак и кажа дека сега е вистинско време да се инвестира во земјата. Според Клинтон, Ирак ги има сите потенцијали за успех.

По средбата со Малики во понеделникот, Клинтон најави дека САД се надеваат да отворат пат за поголемо меѓународно инвестирање во Ирак и поблиски дипломатски односи меѓу Вашингтон и Багдад. Според американската државна секретарка, таа со Ал-Малики разговарала и за претстојните ирачки избори, при што ветила поддршка во обезбедување на легитимноста на гласањето.

XS
SM
MD
LG