Линкови за пристапност

Медведев во посета на Србија


Рускиот претседател Дмитриј Медведев е во посета на Србија, за да потпише заем од 1,5 милијарди долари за традиционалниот московски сојузник. Српскиот претседател Борис Тадиќ го пречека рускиот колега во Велград со сите воени почести, по што имаа средба на која беа акцентирани енергетски и безбедносни прашања.

Рускиот државен монопол за природен гас Гаспром, минатата година купи главнина од најголемите погони за гас и нафта во Србија. Москва воедно вети дека низ Србија ќе постави гасовод за доток на рускиот гас од Црно Море до Европа.

Гаспром се согласи и да изгради огромен објект за складирање на гас во Србија, со што земјата би се претворила во главен центар за руските енергетски пратки за Европа.

XS
SM
MD
LG