Американскиот потпретседател Џо Бајден замина од Вашигтон на четиридневна турнеја, со посета на Полска, Романија и Чешката Република.
Бајден ќе допатува во Варшава доцна во вторник. Ќе има разговори со премиерот Доналд Таск и претседателот Лех Кажински. Во четврток ќе го посети Букурешт, а во петок Прага.
Белата куќа ги отфрли шпекулациите дека Бајден ја посетува источна Европа поради лутината во Варшава и Прага поради одлуката на актуелната администрација за откажување од планот на претседателот Буш за распоредување противракетен одбранбен штит.
Обама објави во септември дека наместо планираниот одбранбен штит, САД ќе развијат нов, пофлексибилен систем базиран на нови разузнавачки информации и технологија.