Линкови за пристапност

Папандреу во прва официјална посета на Кипар


Поделбата на Кипар им пркоси на децениските преговорите и останува клучна пречка за влезот на Турција во ЕУ, но ОН продолжуваат да веруваат дека проблемот може да се реши и посетата на грчкиот премиер Папандреу може да го забрза бавниот тек на процесот.

При самотото пристигнување, Јоргос Папандреу на новинарите во Никозија им рече дека тоа е проблем што може да се реши. Или, како што кажа, се работи за прашање што може да биде решено, и со тоа да ги обедини, или пак да остане нерешено и да продолжи да ги разединува.

Папандреу, кој се залага за поблиски врски со Анкара, вели дека Турција има секакво право да биде членка на ЕУ, но дека треба да ги исполни неопходните критериуми.

Кипар е поделен на северен, турски Кипар, и јужен, меѓународно признаен грчки дел во 1974-та, кога Турција изврши инвазија како одговор на краткотрајниот пуч од поддржувачи на сојуз со Грција. Турција никогаш не ја призна независноста на јужниот дел од островот.

Кипар беше примен во ЕУ во 2004-та, но само грчкиот дел.

Поранешниот шеф на дипломатијата на кипарските Грци Никос Роландис, кој сега е политички коментатор, вели дека посетата на Папандреу има голема важност: „Папандреу е реалист во политичкиот живот, како шеф на дипломатија и како лидер на партија. Значи, ако е подготвен да се соочи со проблемот на реалистичен начин, тоа многу ќе помогне.“

Роландис вели дека сега е важно да се интензивираат разговорите, признавајќи ја фрустрацијата заради недостиг на напредок.

Едногодишните разговори меѓу кипарскиот претседател Христофиас, кипарски Грк и лидерот на кипарските Турци Мехмет Али Талат не донесоа многу.

Кипарскиот претседател вели дека Турција има обврски кои мора да ги исполни или во спротивно нема да биде во можност да продолжи со процесот за членство без пречки.

Турција ги почна преговорите за членство во ЕУ во декември 2005-та, но тие се забавени од одлагањата во турските реформи и поради кипарското прашање.

XS
SM
MD
LG