Линкови за пристапност

Две експлозии погодија универзитет во Исламабад 


Најмалку четири лица загинале, а неколкумина се повредени во две експлозии на бомби во Меѓународниот универзитет во Исламабад, соопштија пакистанските власти. Полицијата работи на потврдување на наводите дека нападот го извршиле двајца бомбаши-самоубијци.

Засега никој не презеде одговорност, но пакистанскиот министер за внатрешни работи реагираше на нападот со изјава дека трагата на сите терористички напади во земјата води во Јужен Вазиристан.

Многу училишта во Пакистан неделава не работат, во стравување од одмазднички напади поради офанзивата на пакистанската армија против милитантите на Талебан во Јужен Вазиристан.

Пакистанските сили веќе четврти ден водат битка против милитантите. Армиски лица тврдат дека само во борбите минатата ноќ биле убиени 20 милитанти, со што вкупниот број на загинати за кои се претпоставува дека се припадници на Талебан нарасна на речиси 100 од почетокот на операцијата во саботата.

Официјални лица велат дека армијата во вторникот се обидела да преземе контрола врз клучниот град Котаки. Армијата тврди дека копнените сили, поддржани од воздух, ги зазеле околните планински врвови, но градот се` уште не е под нејзина контрола.

XS
SM
MD
LG