Линкови за пристапност

САД со нова политика кон Судан


САД објавија нова политика кон Судан, најавувајќи дека ќе употребуваат комбинација од дијалог, поттици и притисок во обидот за решавање на судирите и намалувањето на страдањето на милиони лица во земјата.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон во понеделникот истакна дека е потребен континуиран напор за ставање крај на напнатоста во Судан на релација север-југ, како и долгодишните судири и мизерија во Дарфур. Говорејќи за страдањата во Дарфур, Клинтон се осврна на тамошните настани како на геноцид, но додаде дека САД ќе се фокусираат на тоа како да се појде напред и да се најде решение.

Американската државна секретарка кажа и дека САД планираат разговори со суданските власти, истакнувајќи дека Вашингтон сака да види акција од владата во Судан. Клинтон рече дека поттиците, но и спротивните мерки ќе зависат од развојот на настаните во Судан. Таа конкретно не кажа какви мерки би биле преземени, но во соопштение објавено во понеделникот, претседателот Барак Обама рече дека подоцна на неделава ќе ги обнови санкциите против суданската влада.

XS
SM
MD
LG