Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс во Хаваи ќе учествува на церемонијата на смена на Американската команда за Пацификот, од каде е замине на еднонеделна турнеја по Азија. Гејтс ќе раководи со предавањето на должноста, од адмиралот Тимоти Китинг на адмиралот Роберт Вилард.
Гејтс потоа ќе одржи серија средби на високо ниво во Јапонија и Јужна Кореја, барајќи континуирана поддршка за војната во Авганистан. Според официјални лица, посетата на секретарот за одбрана на Токио е можност да се запознае со новите јапонски лидери. Претставникот на печат за Пентагон Џеф Морел најави дека Гејтс ќе разговара и за одлуката на јапонската влада да повлече два брода кои служеле како пунктови за полнење на гориво на пловила што помагаат во меѓународните напори во Авганистан.