САД и Русија продолжија со разговорите за постигнување на договор до крајот на годината за намалување на своите големи нуклеарни арсенали од периодот на Студената војна.
Преговарачите на обете земји, кои се сретнаа во понеделникот во Женева, работат на замена на договорот СТАРТ за намалување на стратешкото оружје што истекува во декември.
Американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Дмитри Медведев нешто порано годинава постигнаа согласност за контурите на договорот што ќе го замени постојниот. Тие им наложија на своите преговарачи да финализираат спогодба што ќе го намали бројот на боеви глави од 2.200 на 1.500 до 1.675.
Сепак, разговорите забавија поради пазарењето во врска со американскиот план за противракетна одбрана во Европа. Во септември, САД се откажаа од намерата да постават ракетен штит во Полска и Чешката Република. Оттогаш, обете страни јавија за значителен напредок во разговорите.