Линкови за пристапност

„Добар почеток“ на преговорите со Иран, тврди директорот на ИАЕА


Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) Мохамед Елбарадеи оцени дека имало „добар почеток“ на разговорите во Виена за нуклеарната програма на Иран. Тој ја опиша дискусијата меѓу претставници на Иран, Русија, Франција, САД и ИАЕА како конструктивна. Според Елбарадеи, на средбата се разговарало за технички прашања - референца за предлогот Иран да испраќа ураниум во Русија и Франција, каде тој би претворал во гориво за реактор.

Се очекува разговорите во седиштето на ИАЕА да траат најмалку два дена.

Претходно во понеделникот, портпаролот на Иранската агенција за атомска енергија Али Ширзадијан соопшти дека Техеран нема да се откаже од процесот на збогатување на ураниум, без оглед на исходот од нуклеарните разговори со светските сили.

Западните дипломати го сметаат збогатувањето на ирански ураниум во други земји за мерка за градење на доверба, бидејќи би обезбедило нивото да остане на количини соодветни за мирднодопски услови, односно под нивото потребно за производство на нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG