Линкови за пристапност

САД го поздравија воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Косово


„САД срдечно го поздравуваат воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Република Косово и Република Македонија, како и успешното завршување на демаркацијата на заедничката граница“, стои во кусото писмено соопштение на портпаролот на Стејт департментот Јан Кели, објавено викендов.

Американската влада истовремено го подвлекува лидерството на обете земји во, како што се наведува, „решеноста на обете земји да преземат значаен чекор кон евро-атлантската интеграција преку воспоставување на добрососедски односи и зајакнување на регионалната стабилност“. Стејт департментот ја истакнува и посредничката улога на Меѓународната цивилна канцеларија во Косово во демаркацијата на границата како значаен елемент на планот на Марти Ахтисари.

XS
SM
MD
LG