Линкови за пристапност

Пронајдено момчето за кое се сметаше дека одлетало во балон


Американските власти го пронајдоа детето за кое се претпоставуваше дека синоќа одлетало во балон со хелиум во сојузната држава Колорадо.

Шестодишниот Фалкон Хин бил пронајден како се крие во кутија во гаражата во својот дом. Првично се стравуваше дека Фалкон влегол во големиот балон - летало што го направил неговиот татко и што полетал од дворот откако се одврзал. Тоа предизвика несекојдневна грозничава потрага по балонот пренесувана во живо на ТВ-мрежите, но полицијата откри дека балонот е празен кога конечно, по два часа следење, тој се приземји.

XS
SM
MD
LG