Линкови за пристапност

Најмалку 11 загинати во самоубиствен напад во Ирак


Во самоубиствен бомбашки напад врз сунитска џамија во северен Ирак загинале најмалку 11 лица, соопшти ирачката полиција. Во инцидентот што се случил за време на петочната молитва во градот Тал Афар со доминантно шиитско население биле повредени 70-тина.

Полицијата вели дека напаѓачот најпрво отворил оган од пушка, а потоа го активирал експлозивот што го носел на себе. Во нападот загинал и имамот, член на главна политичка партија на ирачките сунити.

Тал Афар, кој се наоѓа во близина на Мосул, беше мета на напади и во минатото, како во инцидентот во јули годинава кога загинаа 35 лица. Изминатава година во Ирак насилството е со намален интензитет, меѓутоа нападите во и и околу Мосул не запреа.

XS
SM
MD
LG