Советот за човекови права на ОН усвои извештај што ги обвинува Израел и Палестинците за воени злосторства во судирот во Газа од пред речиси една година.
По дводневна дебата, телото со 25 гласа за, 6 против и 11 воздржани одллучи да го поддржи извештајот што ги повикува обете страни да спроведат истрага во рок од шест месеци. Во спротивно, Советот ќе го препрати случајот до Меѓународниот кривичен суд во Хаг.
Израел наводно не презел неопходни мерки да го заштити населението што не учествувало во судирот, а Хамас лансирал проектили на израелска територија со намера да нанесе штета на цивилното население.
Обете страни ги порекнуваат тврдењата.