Линкови за пристапност

Дали ќе има втор круг на избори во Авганистан?


Портпаролот на Авганистанската изборна комисија Нур Мухамед Нур вели дека е прерарно да се каже дали истрагата за измама на гласањето ќе доведе до втор круг на избори меѓу претседателот Хамид Карзаи и кандидатот што освои најмногу гласови по него, порнешниот министер за надворешни работи Абдула Абдула.

Нур за Гласот на Америка изјави дека телото што врши истрага, а е поддржано од ОН, допрва треба да го објави извештајот за изборите што се одржаа на 20-ти август.

Во петокот, американски весник објави дека Изборната комисија за поплаки го намалила бројот на освоени гласови на Карзаи на 47 проценти – помалку од 50-те потребни за победа уште во првиот круг. Според првичните резултати, Карзаи освои 54, а Абдула 28 проценти.

XS
SM
MD
LG