Напаѓачи-самоубијци активирале експлозив пред полициски објект во Пешавар, при што загинале најмалку 13 лица, соопштија пакистанските власти. Меѓу загинатите се тројца полицајци, две жени и едно дете. Засега никој не презеде одговорност за нападот.
Властите го обвинуваат Талебан за серијата насилства изминативе две недели што однесоа преку 150 човечки животи. Водачите на Талебан, пак, велат дека се работи за одмазда за армиската офанзива што се очекува да започне наскоро против бунтовничките упоришта во Јужен Вазиристан, близу границата со Авганистан.