Линкови за пристапност

Четворица американски војници загинаа во Авганистан


Американскат армија соопшти дека четворица нејзини војници загинале во екзплозија во јужен Авганистан во четвртокот. Двајца загинале на местото на нападот, а другите двајца починале подоцна од повредите.

Во армиската изјава не се даваат други детали освен дека се работи за импровизирана екзплозивна направа.

2009-та веќе стана најсмртоносна година во војната во Авганистан за странските сили.

Во Вашингтон во четвртокот, активист на американските воени ветерани го повика претседателот Барак Обама да одговори позитивно на препораката на главниот американски командант во Авганистан, генералот Стенли Мекристал, да испрати засилувања во земјата. Томас Трејдвел, кој е на чело на организацијата "Ветерани од војните во странство" кажа дека додека Обама размислува, екстремистите насетиле неодлучност во американската влада. Трејдвел стравува дека осоколениот непријател ќе ги засили акциите за убивање на американските војници.

Францускиот претседател Никола Саркози, пак, повторно изјави дека Франција нема да прати нови сили во Авганистан, но додаде дека француските војници ќе останат во земјата додека војната не биде добиена.

Латвија, пак, се согласи да го продолжи учеството во Меѓународните сили за помош во безбедноста во Авганистан под раководство на НАТО за уште една година. Земјата во моментов има приближно 160 војници во Авганистан.

XS
SM
MD
LG