Линкови за пристапност

11 загинати во експлозии во Пешавар


Напаѓачи-самоубијци активирале експлозив пред полициско биро за истраги во Пешавар, при што загинале 11 лица, соопштија пакистанските власти. Во овој град во северозападниот дел на земјата била оштетена и џамија што се наоѓала во непосредна близина, а спасувачки екипи и полициски сили го преплавиле местото веднаш на нападот.

Полицијата вели дека напаѓачите, меѓу кои барем една жена, активирале експлозив во автомобил и на мотоцикл пред полициската станица.

Засега никој не презеде одговорност за овој напад, што е најнов во серијата насилства изминативе две недели што однесоа преку 150 човечки животи.

Во четвртокот, во серија напади на полициски објекти во градот Лахор и немирниот северозападен дел на земјата загинаа најмалку 39 лица.

XS
SM
MD
LG