Линкови за пристапност

Подобрена ситуацијата со работни места и инфлацијата во САД


Состојбата на пазарот на труд во САД се подобрува напоредно со намалување на бројот на лица кои се пријавуваат за помош поради невработеност – најмал од јануари годинава, според владин извештај објавен во четвртокот. Податоците на Оддел за труд покажуваат дека минатата недела 514.000 Американци по првпат побарале социјална помош поради тоа што загубиле работа. Истовремено, бројот на лица кои добиваат долгорочна помош за првпат од март се намалил под шест милиони.

Иако бројките претставуваат подобрување, тие, сепак, во глобала даваат слаба слика за сегашната економска состојба. Високата невработеност ги погоди приходите по семејство, а тоа им отежнува на трговците да ги зголемат цените. Владини експерти наведуваат дека трошоците на животот во САД се зголемиле за само две десетини од процент во септември, што е помалку од минатиот месец.

Некои економисти сметаат дека релативно скротената инфлација ќе и` овозможи на американската централна банка за извесно време да ги задржи каматните стапки на рекордно ниско ниво.

XS
SM
MD
LG