Линкови за пристапност

Поразениот кандидат во Авганистан се надева на повторни избори


Авганистанскиот претседателски кандидат Абдула Абдула се надева дека истрагата поддржана од ОН ќе доведе до повторување на изборите. Изборната комисија за поплаки во рок од неколку дена треба да се изјасни во однос на наводите за измама во корист на актуелниот претседател Хамид Карзаи.

Прелиминарните резултати покажаа дека Карзаи победил со освоени 54 проценти од гласовите, но Комисијата би можела да означи доволен број на гласачки ливчиња за неважечки, што би довело до повторно гласање.

Одвоено од ова, Италија го порекна обвинувањето дека им платила на командантите на Талебан и воените владетели да одржуваат мир во регионот источно од Кабул, каде оперирале италијанските сили. Според напис објавен во британскиот весник Тајмс, италијански тајни агенти дале десетици илјадни долари на бунтовниците во време кога италијанските сили биле распоредени во областа. Весникот тврди дека француските сили, кои ја презеле задачата од италијанските, не биле информирани за договорот, што би можело да биде причина за подоцнежното убиство од заседа на неколку француски војници.

XS
SM
MD
LG