Линкови за пристапност

Судењето на Караџиќ во Хаг ќе започне на 26-ти октомври


Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија соопшти дека судењето на поранешниот командант на босанските Срби Радован Караџиќ ќе започне на 26-ти октоври.

Караџиќ се соочува со 11 обвиненија, вклучувајќи и геноцид за време на војната во Босна во 90-те години.

Се очекува процесот да трае две до три години, а ќе започне со дводневни уводни излагања, најпрво на обвинителите, а потоа и на Караџиќ, кој планира да се брани самиот.

Неделава, судот го отфрли тврдењето на Караџиќ дека имал договор за имунитет против судско гонење. Судот во вторникот одлучи дека дури и доколку наводниот договор со Караџиќ биде докажан за вистинит, тој не е обврзувачки за судот. Караџиќ тврди дека сегашниот американски специјален претставник за Авганистан и Пакистан, Ричард Холбрук му понудил имунитет во 1996-та година, доколку се повлече од функцијата. Холбрук на неколкупати ги порекна ваквите тврдења.

Караџиќ беше уапсен минатиот јули по над една деценија минати во бегство.

XS
SM
MD
LG