Линкови за пристапност

Хилари Клинтон: Важно е Русија да ги прифати човековите права


Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека е важно Русија да ги прифати основните човекови права и слободи, вклучително и правото за отворено учество во политичкиот процес.

Клинтон на група студенти на московскиот Државен универзитет во среда им кажа дека „граѓаните треба да имаат моќ“ да одредат според кои закони ќе живеат.

Таа кажа дека слободата да се заземат непопуларни становишта и да „се изрази несогласување со конвенционалната мудрост“ се белези на „иновативно општество“.

Клинтон рече дека тоа се вредностите што неодамнешните напади на новинари и на активисти за човекови права во Русија ги прават „голема загриженост“ за Вашингтон. За време на интервју на локална радио станица порано во среда, Клинтон зборуваше за смртта на истражувачкиот новинар Ана Политковскаја, која беше убиена во 2006.

Главниот американски дипломат исто така кажа дека нејзината земја била подготвена за надминување на големото соперништво од годините на Студената војна.

Клинтон го завршува дводневното патување во Русија со градски собир, по што следи посета на Татарстан, етнички разнолика република источно од Москва со голема муслиманска популација.

Клинтон во вторникот се заложи за потесни врски со Русија, откако се сретна со претседателот Дмитри Медведев во Москва. Таа ја нагласи потребата САД и Русија блиску да соработуваат на клучни прашања, меѓу кои Иран, Северна Кореја и контрола на нуклеарно вооружување. Медведев забележа дека соработката со САД е на „високо ниво“.

XS
SM
MD
LG