Американскиот претседател Барак Обама вели дека неговта влада направила „добар напредок“ помагајќи на областите од јужното крајбрежје опустошени од Катрина пред четири години.
Штетата од Катрина е резултат не само на природната катастрофа, туку и на потфрлање на владата, кажа Обама во говорот за време на посетата на Њу Орлеанс, сојузната држава Луизијана. Обама смета дека претходната влада на претседателот Џорџ В. Буш била неадекватно подготвена за несреќата и неадекватно реагирала.
Тој рече и дека во минатите девет месеци членови на владиниот кабинет го посетиле регионот за да чујат и да сознаат како да му помогнат на локалното население да продолжи напред. Во моментов се употребува 1,5 милијарди долари федерална помош за обнова, кажа американскиот претседател.