Линкови за пристапност

Пристапните преговори препорачани, но кои се забелешките?


Европската комисија препорача отворање на пристапните преговори меѓу Европската унија и Македонија, но истовремено се осврна и на слабостите што треба да бидат поправени.

Едно од основните барања е Македонија активно да се вклучи во изнаоѓање на решение за спорот за името, бидејки тоа за Комисијата е од суштинско значење за понатамошниот напредок на Република Македонија во европските интеграции. Во тој контекст, од Владата на РМ се бара да се воздржи од акции и изјави што можат негативно да влијаат на добрососедските односи.

ЕК се осврнува и на проблемите на државната аднистрација со забелешки дека и натаму не е обезбеден систем за градење на кариера според резултати, туку тој останува да биде воден од критеруимите за партиска припадност. Комисијата ги поздрави законите што се донесени за да се надминат овие состојби и бара нивна имплементација.

Критичен дел на извештајот е и судскиот систем. Се бараат дополнителни напори за да се осигура независно судство.

Во делот за заштитата на човековите права е констатирано дека е прекршена Европската конвенција за човекови права во 13 случаи, дека постојат нехумани услови во затворите како и дека е загрозена слободата на говор и дека постојат силни политички влијанија во медиумите.

Во однос на економските критериуми, ЕК констатира дека измените на законот за енергетика не се усогласени со директивите на ЕУ - останува и натаму ставот дека Државните електрани имаат доминантна позиција на пазарот, а дискриминиран е недомашниот дистрибутер, во случајот ЕВН Македонија.

Брисел забележува дека недоволно функционираат некои регулаторни тела. Комисијата укажува и на ниското ниво на правна сигурност за водење бизнис. Потенцирано е и дека фискалната политика е експанзионистичка - акцентирајќи ги непродуктивните трошења на владата кои довеле до зголемување на буџетскиот дефицит.

ЕК очекува од Македонија очекува да ги надмине овие слабости.

XS
SM
MD
LG