Генералното собрание на ОН ги избра Габон, Босна и Херцеговина, Бразил, Либан и Нигерија за нови непостојани членки на Советот за безбедност. Петте земји не наидоа на противење и беа избрани во првиот круг на гласањето во седиштето на ОН во Њујорк.
Тие ќе започнат со двегодишниот мандат како непостојани членки на 1-ви јануари наредната година, кога ќе ги заменат досегашните: Буркина Фасо, Виетнам, Костарика, Либија и Хрватска.
Американската амбасадорка во ОН Сузан Рајс им честиташе на новоизбраните земји и кажа дека со нетрпение очекува да соработува со нив. Британскиот амбасадор Џон Сојерс оцени дека тие ќе го направат Советот посилен.
15-члениот Совет има пет постојани членки – Британија, Кина, Русија, САД и Франција, како и 10 непостојани членки. Останатите пет непостојани членки во моментов се Австрија, Јапонија, Мексико, Турција и Уганда. Нивниот мандат истекува наредната година.