Линкови за пристапност

Обама одобри голема помош за Пакистан 


Американскиот претседател стави потпис на пакет-помош за Пакистан вреден 7,5 милијарди долари.

Белата куќа коментираше дека мерката ја покажува широката поддршка на САД за Пакистан и ја потенцираше натпартиската и дводомна согласност за неа во Конгресот. Американската влада посочи на изјавата на претседателот Обама дека САД сакаат да го ангажираат Пакистан врз основа на стратешко партнерство „втемелено во поддршката за пакистанските демократски институции и пакистанскиот народ“. Белата куќа наведе и дека мерката го формализира партнерството врз основа на споделена заложба за подобрување на животот на Пакистанците преку самоодржлив економски развој, јакнење на демократијата и правото, како и борба против екстремизмот.

Во средата, пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Куреши изрази надеж дека бранувањето во Пакистан во врска со помошта ќе спласне откако американските законодавци ќе му дадат гаранции дека таа нема да го прекрши пакистанскиот суверенитет.

XS
SM
MD
LG