Многу економисти се загрижени дека инфлацијата е причина зад рекордната цена на златото од 1.072 долари за унца, што е скок за околу 20 проценти годинава.
Американската влада ја зајакна потрошувачката во обид да предизвика економски растеж, но економистите велат дека тоа го ослабува американски долар во споредба со другите валути и може да резултира со зголемување на цените.
Луѓето традиционално купуваат злато во несигурни економски времиња затоа што сметаат дека тоа ќе ја задржи вредноста подобро од другите инвестиции.