Линкови за пристапност

Земјите долж Индискиот Океан го тестираат системот за предупредување од цунами


Земјите долж Индискиот Oкеан во средата учествуваа во првиот тест на системот за предупредување од цунами. Системот беше поставен во 2004-та година откако во истата област подводен земјотрес предизвика огромни бранови при што загинаа околу 230.000 лица.

Сирените завиваа, а луѓе во крајбрежните области бегаа, додека жителите учествуваа во масовната вежба наречена „Вежба Индиски Океан `09“.

Во период од 12 часа беа испратени билтени од Системот за предупредување од цунами со седиште на Хаваите и од Јапонската метеролошка агенција по симулираниот земјотрес со јачина од 9,2 степени и цунами на индонезиското крајбрежје.

Во некои од земјите учеснички во вежбата, вклучувајќи ги Индонезија и Шри Ланка, имаше делумни евакуации.

УНЕСКО вели дека симулирани вежби се изведувале долж целото крајбрежје на Индискиот Океан, од Индонезија до брегот на Јужна Африка.

Вежбата уследи само две недели откако цунами ги погоди островите Самоа и Тонга, при што загинаа најмалку 183 лица.

XS
SM
MD
LG