Глобалниот економски пад и кризата со недостаток на храна во земјите во развој придонесоа за зголемување на бројот на гладни на рекордни една милијарда луѓе.
Организацијата на ОН за храна и земјоделство, како и Светската програма за храна, велат дека овој тренд се должи на високите цени на храната, намалувањето на приходите и загубените работни места.
Азија има најмногу гладни со 642 милиона, по што следат Африка со 265 милиони, Латинска Америка со 53 милиони и Блискиот Исток и Северна Африка со 42 милиона гладни луѓе.
Извештајот е објавен воочи Светскиот ден на храната, 16-ти октомври. Овој ден се одбележува за да ја подигне свеста за гладта и сиромаштијата, како и да ги охрабри поединците да најдат долгорочни решенија.