Линкови за пристапност

Авганистанските и сили на НАТО убиле 42-ца талебански милитанти


Авганистанските претставници велат дека авганистанските и силите на НАТО убиле повеќе од 40 талебански милитанти во операции ширум земјата.

Авганистанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека трупите убиле 30 талебански бунтовници во јужната провинција Урузган од вторникот наваму. Министерството додаде дека безбедносните сили убиле 11 бунтовници јужно од Кабул во провинцијата Газни.

Властите велат дека четворица милитанти загинале во инциденти со нивни експлозивни направи на југот на земјата. Од експлозија на патна бомба во провинцијата Забул, животот го загубиле двајца авганистански војници.

Во средата, авганистанските и меѓународни сили во југоисточен Авганистан убиле командант на Талебан.

XS
SM
MD
LG