Линкови за пристапност

Клучна сенатска комисија го усвои предлог-законот за здравствена грижа


Сенатската комисија за финансии со 14 гласови „за“ и 9 „против“, го усвои предлог-законот за реформи чија цел е намалување на трошоците за здравствено осигурување и да го направи подостапно за повеќе Американци.

Претседателот Барак Обама за гласањето рече дека е „критична точка“ во напорите да се обезбеди достапно здравствено осигурување за американската јавност. Обама ја пофали работата на Сенатската комисија за финансии, но подвлече дека сега е време „да се засукаат ракавите и да се работи уште повеќе“, за легислативата да биде усвоена неделава.

Американскиот претседател воедно и` се заблагодари на републиканската сенаторка Олимпија Сноу која е член на комисијата и прв член на Републиканската партија која гласаше во полза на реформите во здравството.

Усвојувањето на мерката од страна на оваа комисија претставува значителен напредок, но престојат уште многу чекори во дебатата. Предлог-законот треба да се соедини со оној усвоен од Сенатската комисија за здравство, пред да појде на гласање пред комплетниот состав на Сенатот.

XS
SM
MD
LG