Линкови за пристапност

ЕК препорача почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ


Република Македонија доби препорака за почеток на преговорите. ЕК смета дека државата доволно ги исполнува сегашните критериуми и тоа и` овозможи на Комисијата да даде препорака за отворање на пристапни преговори.

„Верувам дека Владата во Скопје ќе го сфати ова како многу силен поттик и охрабрување за конечно да го реши проблемот со името што постои веќе 18 години", изјави на прес-конференција во Брисел комесарот за проширување на ЕУ Оли Рен.

ЕК во својот годишен извештај за напредокот на Македонија во европските интеграции препознава сериозен реформски напредок во земјата, но упатува и на низа критики што не смеат да се игнорираат. Меѓу најважните се законот против дискриминација и, генерално, односот кон хомосексуалците и ромското малцинство. ЕК е загрижена и за инцидентите што се случија во Струга во средното училиште „Нико Нестор" и етничките смени во глобала. Се бара и имплементација на законот за јавна администрација. Се упатуваат остри забелешки за слободата на медиумите, за владините реклами, за тесната поврзаност на медиумските сопственици со политичките структури и се истакнува дека сите овие фактори доведуваат до новинарска самоцензура и ограничување на слободата на ограничување.

Македонскиот премиер Никола Груевски ја поздрави одлуката на ЕК да препорача почеток на преговори.

„Остануваме посветени на реформите за постигнување на зацртаната цел, а извештајот ќе биде патоказ за идните чекори", изјави Груевски.

XS
SM
MD
LG