Линкови за пристапност

ОПЕК oчекува пораст на побарувачката на нафта во 2010


Некои од водечките производители на нафта во светот гледаат зголемување на побарувачката за нафта над антиципираното благодарение на подобрувањето на светската економија.

Организацијата на земјите извознички – ОПЕК соопшти дека побарувачката за нафта ќе порасне на 700.000 барели дневно во 2010-та.

Ова е 29-процентно зголемување од претходната прогноза на ОПЕК.

ОПЕК произведува околу 40 отсто од светското количество на нафта.

Картелите за нафта велат дека најголемото зголемување на побарувачката ќе дојде од економиите во развој како Кина.

Цената на нафтата значително падна од околу 150 долари за барел лани, но се` уште бележи пораст од 66 проценти годинава.

Нафтата во вторник на њујоршката берза се разменуваше за 74 долари за барел.

XS
SM
MD
LG