Американскиот Оддел за финансии вели дека Талебан е во многу подобра финансиска состојба отколку Ал-Каида, иако двете групи морале да ги променат стратегиите за собирање доброволни средства изминатите години.
Виш официјален претставник од Одделот за финансии рече дека финансиската мрежа за поддршка на Ал-Каида е значително ослабена и нивната финансиска состојба е најслаба споредено со изминатите неколку години.
Дејвид Коен, од Одделот за финансии одговорен за следење на финансиските сметки на терористичките мрежи, рече дека влијанието на Ал-Каида е опаднато како резултат на намалувањето на нивната финансиска моќ.
Обраќајќи се пред група експерти за перењето пари , Коен рече дека Ал-Каида направила четири јавни апели за прибирање пари во првата половина од 2009-та. Тој додаде дека е откриена и порака од терористичката мрежа испратена до нивните поддржувачи која вели дека недостатокот од средства ги поткопува напорите за обука и регрутирање.