Линкови за пристапност

Вашингтон пост:  Обама одобри 13.000 дополнителни трупи за Авганистан


Според весникот Вашингтон пост, американскиот претседател Барак Обама дал зелено светло за распоредување на најмалку 13.000 трупи во Авганистан.

Како што пишува весникот, Пентагон ќе ги испрати војниците како дополнение на 21.000 кои беа одобрени од Обама во март, како засилување на постоечките трупи. Официјални лица подвлекуваат дека овојпат во Авганистан главно ќе бидат испратени и инженери, медицински персонал и експерти за разузнавање.

Пентагон вели дека зголемувањето на бројот на војници во Авганистан не треба да биде изненадување. Американските претседателски администрации и до сега немале пракса да објавуваат испраќање на поголеми групи војници во Авганистан и Ирак.

На пример, поранешниот претседател Џорџ Буш зборуваше само за 20.000 војници кога го најави отпочнувањето на војната во Ирак, а не ги спомена дополнителните 8.000 трупи кои подоцна беа испратени во оваа земја.

XS
SM
MD
LG