Линкови за пристапност

Во клучна сенатска комисија ќе се гласа за предлог-законот за здравство


Влијателната сенатска Комисија за финансии денеска се очекува да гласа по предлог-законот за реформа на здравството чија цел е намалување на трошоците за здравствено осигурување и зголемување на покритието за повеќе Американци.

Според нов извештај на лоби-група за здравствено осигурување, реорганизацијата ќе ги зголеми семејните годишни трошоци за здравствено осигурување за четири илјади долари во наредната деценија. Но портпарол на Белата куќа во понеделникот го критикуваше овој извештај како бескорисен, на главниот противник на планот за реформи во системот за здравство.

Демократските законодавци и Белата куќа ја обвинуваат оваа лоби-група за обид да го закочи главниот приоритет на претседателот Барак Обама за домашна политика пред клучното гласање во Сенатот.

Минатонеделната анализа на невладината Канцеларија за буџет во Конгресот, даде попозитивна оценка на предлог-законот на сенатската Комисија за финансии. Канцеларијата за буџет вели дека мерката ќе помогне да се намали буџетскиот дефицит обезбедувајќи во исто време здравствено осигурување за повеќето Американци под 65-годишна возраст.

XS
SM
MD
LG