Серија нови студии за вирусот Ха-1-Ен-1 на свинскиот грип, покажуваат дека релативно здравите адолесценти и жените се изложени на поголем ризик да заболат.
Новите истражувања од студиите направени во Канада, Мексико, Австралија и Нов Зеланд беа објавени на веб-страницата на Журналот на американската медицинска асоцијација.
Канадските научници велат дека повеќето од жртвите на свински грип во таа земја се млади луѓе и жени кои немале многу здравствени проблеми во минатото.
Студиите воедно потврдуваат дека здравствената состојба на оние кои биле дијагностицирани со свински грип, нагло се влошила по хоспитализирањето.
Научниците од Нов Зеланд и Австралија пак, откриле дека пациентите врз кои бил извршен третман на враќање на кислородот во крвта, имале поголеми шанси за да преживеат.