Кина и Русија потпишаа нови трговски договори вредни милијарди долари на средбата во вторникот меѓу премиерот Владимир Путин и неговиот кинески колега Вен Џиабао.
Рускиот заменик премиер Александар Жуков на новинарите во
Пекинг им кажа дека договорите меѓу кинески и руски бизниси вклучуваат два заеми од 500 милиони – еден од Замјоделската
банка на Кина за вториот најголем руски кредитор ВТБ и другиот од кинеската Банка за развој за рускиот
еквивалент ВЕБ.
Раководителот на рускиот
нафтен гигант Газпром (Алексеј Милер) кажа дека Кина и Русија исто така ќе потпишат договор во вторник што ќе испрати 70
милијарди кубни метри природен гас во
Кина секоја година.
Кинеските медиуми известуваат и аналитичарите велат дека
енергетскиот договор се очекува да биде договор „гас за заеми", сличен на оној
од порано годинава – „нафта за заеми" во
вредност од 25 милијарди долари.