Линкови за пристапност

Нов рекорд на цената на златото


Загриженоста за паѓањето на вредноста на американскиот долар и економското опоравување се одразуваат за зголемување на цената на златото.

Цената за една унца злато во Њујорк достигна до 1,067.60 долари, со што ја надмина претходната рекордно висока цена.

Бидејќи златото се купува во долари, неодамнешниот пад на американската валута го направи поатрактивно за инвеститорите кои имаат посилни валути.

Луѓето вообичаено купуваат злато за време на тешки економски времиња затоа што мислат дека подобро ќе ја задржи вредноста од други инвестиции.

Цената на златото порасна за речиси 20 проценти годинава.

XS
SM
MD
LG