Американската државна секретарка Хилари Клинтон и
нејзиниот руски колега го поттикнуваат Иран да соработува со меѓународната
заедница во врска со неговата нуклеарнапрограма.
Клинтон и рускиот министер за надворешни работи Сергеј
Лавров зборуваа со новинарите во вторник по долгата средба во Москва, каде
највисокиот американски дипломат е на
дводневни разговори.
Лавров вели дека поставување санкции спрема Техеран во оваа
фаза би било „контрапродуктивно“. Клинтон кажа дека САД не се за нови санкции.
Таа исто така за Русија рече дека била „исклучително кооперативна“ во напорите
да го убеди Иран да докаже дека не градинуклеарно оружје.
Висок претставник на Стејт департмент во понеделниккажа дека Клинтон ќе изврши притисок врз Русите да посочат на специфични
мерки што се подготвени да употребат кога ќе им се приклучат на САД и на сојузницитево спротивставуање на Иран.
Шест светски сили, вклучувајќи ги САД и Русија, имаа
разговори со Иран за нивната нуклеарна програма.
Подоцна денеска Клинтон планира да се сретне и сорускиот претседател. Освен за споменатите теми, таа се очекува со него да разговара иза Авганистан и зановите планови за противракетна одбрана на претседателот Барак Обама.