Линкови за пристапност

Иран го отфрла притисокот од Западот за нуклеарната програма


Иран го отфрла притисокот на западните земји за неговата контроверзна нуклеарна програма, еден ден откако американската државна секретарка Хилари Клинтон предупреди дека светот нема бесконечно да чека за Иран да ги исполни своите меѓународни обврски.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Хасан Кашкави, изјави дека „заканите и роковите нема на никаков начин да влијаат на Исламската Република“. Тој додаде дека досега, Иран не потклекнал на санкциите ниту на заканите.

Иранските дипломати се согласија да се сретнат со претставници од САД, Франција, Русија и ОН, на разговори за планот за збогатување на ураниум во странство. Средбата е закажана за 19-ти октомври во Виена.

Клинтон коментираше за Иран за време на заедничката прес-конференција со нејзиниот британски колега, Дејвид Милибенд во Лондон. Милибенд додаде дека Иран нема никогаш да има подобра можност да оствари нормални односи со остатокот од светот.

XS
SM
MD
LG