Линкови за пристапност

Во операциите во јужен Авганистан убиени 20 милитанти


Авганистанските и меѓународните сили велат дека во операциите во јужен Авганистан биле убиени 20 милитанти, а неколкумина други се приведени.

Претставници на НАТО додаваат дека едно осомничено лице било уапсено во понеделникот во комплекс згради во провинцијата Кандахар кои Талебан ги користел за набавка на експлозиви, оружје и муниција за другите милитанти во областа.

НАТО уште соопшти дека војниците во провинцијата Хелманд го уапсиле командантот на милитантите Хаџи Кан Мохамед, обвинет за трговија со дрога при што обезбедувал финансиска поддршка за бунтовниците ширум јужен Авганистан.

Во неделата во провинцијата Забул пак, авганистанските и меѓународни трупи велат дека убиле неколкумина осомничени милитанти по меѓусебната престрелка. Притоа нема информации за жртви од страна на безбедносните сили.

XS
SM
MD
LG