Линкови за пристапност

Советник на Обама во одбрана на економската политика


Главниот економски советник на претседателот Барак Обама, Лоренс Самерс, вели дека САД се на пат кон економско опоравување.

Во писмо до лидерот на републиканците во Претставничкиот дом, Џон Бонер, Лоренс истакнува дека Актот за опоравување ја извлекол земјата од „економски амбис“.

Актот повика на усвојување на стимулативен пакет-помош за заздравување на американската економија во висина од 787 милијарди долари.

Републиканците остро ја критикуваат економската политика на Белата куќа, подвлекувајќи дека според најновите податоци на Одделот за труд, нивото на невработеност во САД достигнало 9,8 проценти во септември, највисоко во последниве 26 години. Во меѓувреме компаниите продолжуваат да елиминираат повеќе работни места од очекуваното.

XS
SM
MD
LG