Линкови за пристапност

Клинтон:  Потребни се нови односи со Карзаи


Американската државна секретарка, Хилари Клинтон, вели дека доколку Хамид Карзаи биде реизбран на функцијата, САД ќе сакаат да изградат „нов однос“ со него.

Во интервју за Би-Би-Си, Клинтон истакна дека Карзаи досега бил од „голема помош на многу фронтови“, но стави јасно на знаење дека САД очекуваат многу повеќе од него.

Хилари Клинтон ситуацијата во Авганистан ја опиша како „сложена“, особено по изборите во земјата во август годинава, кои наводно се проследени со измама и главно тоа се однесува на одрдени симпатизери на Хамид Карзаи.

XS
SM
MD
LG