Линкови за пристапност

Напад во Пакистан, загина 41 лице


Пакистанската полиција вели дека бомбаш самоубиец усмртил 41 лице, вклучувајќи и шестмина припадници на обезбедувањето во областа Шангла, во близина на проблематичната Долина Сват. Властите додаваат дека во нападот се повредени 45 лица.

Полицијата соопшти дека целта на нападнат бил воен конвој, а силната експлозија се случила во близина на пазар преполн со цивили. Инцидентот е четврти поголем терористички напад во Пакистан изминатава недела, каде армијата се подготвува за голема офанзива против борците на Талебан во Јужен Вазиристан.

Во понеделникот, милитантите на Талебан ја презедоа одговорноста за нападот врз воени хелихоптери во Равалпинди при што загинаа 10 војници, четворица цивили и деветмина милитанти.

XS
SM
MD
LG