Американците денеска го прославуваат Денот на Колумбо. Овој ден е федерален празник кој традиционално се прославува на вториот понеделник во октомври, одбележувајќи ја годишнината од пристигнувањето на Кристофер Колумбос во Северна и Јужна Америка.
Колумбо е италијански истражувач кој пловел под шпанско знаме, предводел четири експедиции до Новиот свет, но никогаш не ја остварил својата оригинална цел, да пронајде рута од западната страна на океанот до Азија. Наместо тоа Колумбо најавил нова ера во светската историја отварајќи ги Северна и Јужна Америка за натамошно истражување.
Денот на Колумбо стана национален празник во САД во 1971-та година.