Светската здравствена организација вели дека ќе отпочне со испраќање на милиони дози вакцини против свински грип за посиромашните земји, најверојатно на почетокот на ноември.
Мари-Пол Киени вели дека донации со вакцини ќе добијат околу 100 земји во светот.
Киени за новинароте во Женева изјави дека една од главните цели е да се заштитат здравствените работници во посиромашните земји од вирусот, за да не се разболат и како резултат да не бидат способни да се грижат за своите пациенти.
Порано годинава СЗО прогласи пандемија на свински грип. Агенцијата вели дека од вирусот Ха-1-Ен-1 досега ширум светот починале преку 4.000 лица.