Институтот неделава треба да го објави најновото истражување на јавното мислење за Македонија. Останува силна поддршката за членството на Македонија и во НАТО, и во ЕУ, според директорот на ИРИ во Македонија, Џон Кевано, кој цитира резултати од најновото истражување:
Поддршката за НАТО е 94 проценти меѓу македонските граѓани, а поддршката за ЕУ е 96 проценти.
Граѓаните генерално ја поддржуваат економската политика на актуелната владина коалиција, иако светската економска криза не ја заобиколи нуту Македонија, вели Кевано:
Нашите анкети покажува благо зголемување на песимизмот, почнувајќи од пред шест месеци, но ќе повторам дека веројатно тоа е поради влијането од глобалната финансиска криза.
Кевано жали за напнатоста што се појави во меѓуетничките односи по контроверзите околу Македонската енцикопедија:
Се работи за несреќен инцидент во лош тајминг на две недели пред објавување на извештајот на Европската комисија. Се надевам дека македонските и албанските политички лидери и интелектуалци ќе го искористат ова како можност да се обединат и со взаемна почит и достоинство да извршат ревизија на Енциклопедијата на прифатлив начин за обете заедници.
Независно од тоа, мнозинството граѓани на Македонија според истражувањето на ИРИ сметаат дека земјата е мирољубива и стабилна и не се нарушени меѓуетничките односи, вели Кевано.
Вели, тој е вечен оптимист и би сакал да види позитивен извештајот на Европската комисија во врска со датумот за почеток на преговори.