Линкови за пристапност

Хилари Клинтон говори за заслугата на Обама за Нобелова награда


Американската државна секретарка Хилари Клинтон смета дека претседателот Барак Обама ја добил Нобеловата награда за мир заради неговата визија за улогата на САД во светот.

Во интервју за телевизијата Ен-Би-Си, Клинтон истакна дека на претседателот му било оддадено признание за неговата подготвеност да предизвика секого, што, според неа, ја вратило претставата и почитта спрема Америка.

Критиката истакна дека Обама се` уште нема сторено доволно за да се закити со оваа престижна награда.

Клинтон додаде дека не мисли оти добивањето на наградата ќе има какво било влијание врз тешките одлуки на претседателот, вклучувајќи ја и неговата претпазливост во врска со војната во Авганистан.

XS
SM
MD
LG