Американскиот претседател Барак Обама, кој се наоѓа во Белата куќа помалку од една година, вели дека ја прифаќа нобеловата награда за мир, како „повик за акција“.
Претседателот во изјавата од Белата куќа рече дека е изненаден од наградата. Обама додаде дека на неа не гледа како на признание за неговите постигнувања, туку како признавање за целите кои си ги поставил за САД и во светот. Тој кажа и дека не чувствува дека заслужил да биде во друштво со минатите добитници кои ја трансформирале историјата.
Неговите коментари доаѓаат само неколку часа по неочекуваната одлука на Норвешкиот нобелов комитет во Осло да го награди Обама за неговите “исклучителни напори за јакнење на меѓународната дипломатија и соработка меѓу нациите“.
Објавувањето на одлуката наиде на изненадување во публиката. Таа наиде на одобрување на многу лауерати меѓу светските лидери. Но, некои велат дека Обама допрва треба да направи значителни придонеси на меѓународна сцена.