Линкови за пристапност

НАСА урна ракета на површината на месечината


Американската вселенска агенција НАСА урна ракета во месечината во обид да пронајде вода во остатоците од ударот.

НАСА ја насочи ракетата во кратер на јужниот пол на месечината во петокот. Се очекуваше тоа да создаде голем облак на лунарна прашина најмалку 10 километри над нејзината површина.

Ракетата беше прикачена на специјален сателит.

По ударот на ракетата, сателитот требаше да следи кусо време потоа, летајќу низ лунарната прашина да види дали има присуство на вода или мраз.

Сателитот испрати живи фотографии на ударот и отпадот до Земјата, пред исто така да се урне во месечината. НАСА вели дека за неколку часа по ударот, научниците се надеваат да дознаат дали лунарната прашина содржи вода или мраз.

XS
SM
MD
LG